26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHTC ќе го произведува следниот Nexus таблет

HTC ќе го произведува следниот Nexus таблет

nexusss 222

Иако на оваа тема се шпекулира веќе со месеци, дури овие денови беше потврдено дека „HTC “ ќе ги произведува новите „Nexus“ таблети за „Google“. Оваа информација за „Wall Street Journal“ ја потврдија луѓе блиски до овие компании, а официјален коментар од „Google“ се уште се очекува.

Се верува дека „HTC“ е избран за „Google“ да има поширока база на добавувачи, која би значела дека не зависи од ниту една од нив во целост.

Како што наведува истиот извор, новиот „Nexus“ таблет би требало да биде со дијагонала од 9 инчи, а на неговиот развој се работи веќе неколку месеци.

Инженери на „HTC“ најверојатно веќе подолго време претстојуваат во канцелариите на „Google“ каде работат токму на овој проект.

Овој договор исто така е важен и за „HTC“ зa кој оваа соработка би значела враќање на пазарот на таблети и отворање на нови извори на приходи, откако почнаа да го губат пазарниот удел во продажбата на паметни телефони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП