26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗгаснува Депортиво ла Коруња?

Згаснува Депортиво ла Коруња?

Deportivo-La-Coruna

Фудбалскиот клуб, Депортиво ла Коруња дефинитивно го поминува најтешкиот период во историјата. Според шпанските медиуми, на екипата од „Ријазор“ и се заканува згаснување поради големи финансиски  проблеми. Депортиво е последен на табелата во Примера со само 16 бодови од 25 натпревари и е многу близу до враќање во втората лига, но се чини дека тоа е најмалиот проблем во моментов.

Според информациите од Пиринеите, овој клуб во наредните две до три години би можел да биде ликвидиран доколку не направи план за исплата на долговите, кои не се воопшто мали.

„Ќе се најдеме во многу сложена ситуација доколку нешто не се случи во најскоро време. Депортиво мора да ги почитува роковите и репрограмира своите долгови. Ако тоа не го сторат, тие за две до три години едноставно нема да постојат“, вели потпретседателот на Лигата, Хавиер Тебас.

Славниот шпански клуб е основан во 1906-та година, а најголемиот успех во домашното првенство го имаше во сезоната 1999/2000 кога станаа шампиони на Шпанија. Уште петпати беа вицешампиони, клубот од Ла Коруња може да се пофали и со два трофеја во Кралскиот Куп. Кога станува збор за европската историја, најголем успех направија во 2004-та година кога стигнаа до полуфиналето во Лигата на шампионите, но многумина од нас се уште го паметат историскиот триумф во четвртфиналето во реваншот против Милан од 4-0.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП