27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБизнис рецепти: 10-те најдобро чувани деловни тајни

Бизнис рецепти: 10-те најдобро чувани деловни тајни

kfcchiken

Многу компании љубоморнo ги чуваат рецептите и формулите за своите најпознати производи од конкуренцијата, а некои знаат „да отидат и прилично далеку“ за да бидат сигурни дека нивната тајна е безбедна од љубопитните очи на ривалските компании

Dr. Pepper

dr-pepper

Газираниот пијалок „Dr. Pepper“ содржи 23 тајни состојки со кои во секој момент се запознаени само три клучни лица во компанијата. Постојат гласини дека една од состојките е сок од сливи.

WD-40

wd-40-chip-foose-3d-special-edition-cans

WD-40 е создаден по 40 неуспешни обиди. Сите рецепти претставуваат деловна тајна заедно со финалната формула. Компанијата ги комбинира потребните супстанци за финалната формула во три различни градови во светот.

Алгоритмите на Google

Google Algorithm Updates 2014

Секоја година се создаваа 500 унапредувања кога станува збор за начинот на пребарување на интернет компаниите.

Компанијата љубоморно ги чува своите методи со кои на луѓето во светот им овозможува да ја пронајдат саканата работа на интернет и покрај лошо внесените зборови.

Lena Blackburne – кал за безбол топки

1_mud_container

Калта од тајна локација во Њу Џерси се продава за да ја омекне површината на безбол топките. Оваа кал ја користат се повеќе безбол тимови, а компанијата секоја година пет до шест пати го посетува изворот на кој се собира оваа скапоцена кал.

Krispy Kreme крофни

daf4372b4200cd4622552802f5ba54b8_w960_h2048

Рецептот заедно со продавницата за крофни во Кентаки му е продаден на Ишмаел Армстронг во 1933 година. Со овој рецепт се запознаени само 4 лица во светот

KFC рецепт за пилешко

kfcchiken

Рецептот содржи билки и зачини, а различните делови на овој рецепт се поврзуваат во две одделни фабрики. Напишан рачно во 50-тите години од минатиот век, оригиналниот рецепт се чува во сеф во Кентаки.

Англиските погачи  „Thomas“

EnglishMuffins-1

Само 7 лица кои работат во „Bimbo“ пекарата го знаат точниот рецепт за овие погачи. Кога извршниот директор Крис Ботичело ја напуштил компанијата за да и се придружи на ривалската компанија, пекарата „Bimbo“ од Судот барала спречување на неговото вработување.

Рецепт за специјалниот сос во Big Mak

mcdonalds-secret-sauce-revealed-heres-official-big-mac-recipe.w654

„McDonald’s“ го загубил оригиналниот рецепт од 80-тите години во минатиот век, а кога во компанијата се вратил поранешниот директор Фред Тарнер, рецептот повторно е напишан бидејќи Тарнер се сеќавал на 36-годишниот стар текст.

Chartreuse

chartreuse-1920

Зелениот ликер кој го прават монасите во Франција содржи таен микс од 130 билки. Само 2 монаха го знаат тајниот рецепт кој се чува како тајна уште од времето на Француската револуција.

Рецептот за Coca-Cola

cocacolatajna5246

Рецептот стана деловна тајна на крајот на 19-тиот век, а во 2006 година бил уапсен еден вработен во компанијта бидејќи сакал рецептот да го продаде на ривалската компанија „Pepsi“ за 1.5 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП