26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНа Goldman Sachs и се заканува загуба поради заемот за португалската банка

На Goldman Sachs и се заканува загуба поради заемот за португалската банка

goldmangold696

На Американската инвестициска банка „Goldman Sachs“ и се заканува загуба од повеќе милиони долари, поради  кредитот кој и го додели на португалската банка „Banco Espirito Santo“ еден месец пред нејзиниот колапс.

Банката „Goldman Sachs“ преку нејзиното финансиско одделение во Луксембург и позајми на португалската банка 835 милиони долари (635 милиони евра) во јули, кога за оваа банка, на самиот раб од банкрот, беше невозможно директно да позајми пари на пазарите на капитал.

Се покажа дека овие парични средства само краткорочно ја одржале во живот „Banco Espirito Santo“, која во август прими државна помош, а потоа беше воведена во стечај. За докапитализација на оваа банка се потрошени околу пет милијарди евра, а најголем дел од средствата ги обезбеди португалската влада.

Тоа што за „Goldman Sachs“ изгледаше како деловна прилика, се претвори во голема загуба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП