27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan 370Z NISMO за 2015 година (фото)

Nissan 370Z NISMO за 2015 година (фото)

184394600853fc465f32d61170058667_640x37385

„Nissan“ во септември на купувачите во Европа ќе им ја понуди освежената верзија на моделот „370Z“, кој е доработен во спортското одделение во „NISMO“ во Јокохама.

За оние кои сакаат да возат спортско купе кое со дизајнот се разликува од сличните модели на пазарите, „Nissan 370Z“ е вистинскиот избор, особено неговата „NISMO“ верзија.

Новиот „370Z NISMO“ има рестилизиран преден браник со големи отвори за воздух со додатни насочувачи поставени на краевите, пред предните тркала. На вертикалните бочни отвори, под прав агол, се надоврзуваат новите дневни LED светла.

93564859753fc46632a44a908164332_640x42785

Задниот браник исто така е преобликуван, додека пак, на неговиот долен дел се наоѓа масивен дифузер и две големи хромирани цевки за издувниот систем.

Посебен акцент на оваа верзија и даваат дискретните црвени линии на долните делови на каросеријата, како заштитен знак на одделението „NISMO“.

Во однос на претходната верзија, редизајнирани се ретровизорите и праговите на школката, а визуелен печат на автомобилот му даваат специјалните 19-инчни алуминиумски бандажи во сребрено-црна боја.

105307012253fc4666ca079863798877_640x42785

И внатрешноста претставува празник за очи.

„Nissan 370Z NISMO“ има спортски „Recaro“ седишта со црвена и црна кожа.

Под хаубата е сместен познатиот 3.7-литарски шестоцилиндричен бензинец, кој во оваа конфигурација произведува 344кс.

132788505853fc466b68d9c618428886_640x42785

Силата на тркалата се пренесува со помош на шестобрзинскиот мануелен менувач, а автомобилот од 0 до 100 забрзува за 5,2 секунди.

184394600853fc465f32d61170058667_640x37385

„Nissan“ соопшти дека го подобрил потпирањето, но и звучната изолација на кабината, со цел возењето на патниците да им биде поудобно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП