26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГалијани потврди: Го сакаме Торес

Галијани потврди: Го сакаме Торес

C

Претседателот на Милан, Адријано Галијани, потврди дека клубот посакува да го доведе Фернандо Торес во своите редови.

Екипата на Филипо Инзаги сака да се засили во нападот по заминувањето на Марио Балотели во Ливерпул.

По доаѓањето на Диего Коста во Челси, Фернандо Торес му стана непотребен на Мурињо, па би можел да прејде во редовите на Милан на позајмица.

„Се приближува крајот на преодниот рок. Ќе се обидеме да донесеме врвен напаѓач. Тоа ни е најважната цел во овој момент. Фернандо Торес е дефинитивно врвен напаѓач. Ќе видиме дали можеме да го доведеме него или некој друг напаѓач“, рече Галијани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП