26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСрцето не е веќе најголем убиец, сега тоа е ракот

Срцето не е веќе најголем убиец, сега тоа е ракот

heart

Во Европа годишно умираат повеќе од осум милиони луѓе, а причина за четири милиони смртни случаи се кардиоваскуларните болести.

Истражувањето на научниците објвено во списанието „Јуропиан Харт Џурнал“ покажува дека во некои земји карциномот станал поголем убиец.

Бројот на смртни случаи од кардиоваскуларни болести, односно срцеви и мозочни удари, се намалува со децении.

Анализата на Универзитетот Оксфорд покажува дека кај мажите ракот сега предизвикува повеќе смртност од кардиоваскуларни болести во девет земји: Белгија, Данска, Франција, Луксембург, Холандија, Португалија, Словенија, Сан Марино и Шпанија.

Данска засега е единствената земја во која што тоа важи и за жените.

– Резулатите не се такви бидејќи ракот е во пораст, туку затоа што дошло до голем напредок во превенцијата и лекувањето на кардиоваскуларните болести, изјави еден од научниците Мајк Рајнер.

Источниот дел на Европа значително заостанува во ова. Кардиоваскуларните болести во Белорусија, Русија и Украина предизвикуваат повеќе смртни случаи кај мажите на возраст меѓу 55 и 59 години, отколку, на пример во Франција кај 20 години постарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП