26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДали е ова најубавиот смартфон на светот? (видео)

Дали е ова најубавиот смартфон на светот? (видео)

Sarp-telefon

„Sharp“ го подготвува лансирањето на својот најнов модел на смартфон познат под името „Aquos Crystal“, за кој се смета дека ќе биде еден од најубавите модели претставени оваа година.

Рака на срце, „Sharp“ не е баш најпознат по своите смартфони, но последниот модел кои го лансираа е вистински убавец.

„Aquos Crystal“ моделот има екран од 5 инчи, кој се простира од раб до раб и кој нема рамка на крајот. Телефонот е веќе лансиран на азискиот пазар, а се очекува да биде претставен и преку океанот, во Америка.

Иако нема исти перформанси како моделите од неговата класа, ова е и понатаму пристоен телефон. Брзиот „Sharp Dragon“ процесор ќе биде во комбинација со „Android KitKat 4.4.2.“ оперативниот систем. Исто така ќе има и „Harman Kardon“ звук, со кој ќе можете повеќе да уживате во своите омилени песни.

Од друга страна, меморијата од само 8 гигабајти и послабата батерија не се баш работи на кои фановите се радуваат. Засега, сеуште нема прецизен датум за претставување во Велика Британија, но се очекува тоа да биде наскоро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП