Изгледот на супер-спортските автомобили се менувал низ историјата, но она што е заедничко за сите епохи е авангардниот дизајн на овие модели. Во тој поглед, што нам ни носи иднината и какви ќе бидат супер-автомобилите кои ќе се движат по патиштата во времињата кои доаѓаат?
Одговор на тоа прашање се обиде да даде независниот дизајнер Адриано Раели кои креираше виртуелен наследник на актуелниот топ модел на Ферари – „LaFerrari“.
Раели на автомобилот му додели ознака „F80“, а неговиот изглед е инспириран од ловечките воени авиони.
Овој дизанер се позанимавал и со некои технички детали.
Иако изборот на погонските единици нема да им се допадне на љубителите на Ферари кои го обожаваат звукот на „V12“ моторот, Раели предвидел „Ferrari F80“ да биде опремен со „twin-turbo V8“ агрегат со 900кс, додека пак, додатните 300 „коња“ ќе ги обезбедува „KERS“ системот за регенерирање на кинетичката енергија на автомобилот.
Според неговите зборови, „Ferrari F80“ би достигнал од 0 до 100км/ч за помалку од 2 секунди, а би можел и да постигне брзина и до 500км/ч.