26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузната јахта Majesty 70 (фото)

Луксузната јахта Majesty 70 (фото)

fat1

Компанијата од Обединетите Арапски Емирати, „Gulf Craft“ е главен производител на луксузни јахти и чамци од фиберглас…

Еден од подбрендовите на оваа компанија е и „Majesty Yachts“, на кој му припаѓа оваа величенствена „Majesty 70“ јахта. Оваа јахта е долга 22 метри, а замислена е како „ода на светлоста“. Таа има панорамски прозорци кои креираат чувство како да сте на вода додека времето го поминувате во удобниот и простран салон, исполнет со природна светлина.

Со елегантен мебел и квалитетна изработка, а секако супериорно внимание посветено на деталите, ентериерот на оваа јахта едноставно е величенствен. Аурата на луксузот е насекаде присутна, од трпезаријата, преку ложата, па до четирите луксузни кабини со приватни бањи.

За да крстарите со уживање на правиот начин, комфорот не е единствената работа која ви е потребна. Тука се елементите за забава, за кои постои сосема доволно простор. Можете да уживате во базените и платформите за сончање, а имате и доволно простор за сите „водени играчки“.

fat2

fat3

fat4

fat5

fat6

fat7

fat8

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП