26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКолку Amazon го чини Fire Phone?

Колку Amazon го чини Fire Phone?

Amazon Fire Phone

За разлика од „Kindle Fire“ таблетот, смартфонот на „Amazon“, „Fire Phone“ се продава по значително повисока цена. Овој паметен телефон моментално во САД може да се купи по цена од 649 долари, меѓутоа, колку овој уред навистина ја чини компанијата?

Според цената, смартфонот на „Amazon“ се наоѓа во ценовен ранг со „Galaxy S5“, „iPhone 5S“ и „HTC One“, a тоа е поради тоа што неговото производство е навистина скапо.

Судејќи според најновиот преглед на уредот, „Amazon“ троши околу 205 долари за материјал кој е потребен за правење на „Fire Phone“.

Тој поседува прилично стандардни компоненти, вклучувајќи и процесор „Snapdragon“, како и 720p екран чија цена изнесува 27 долари. За споредба само, екраните на „iPhone 5S“ и „Galaxy S5“ чинат 43 и 63 долари.

Најскапата поединечна компонента се четирите сензори кои на корисникот му дозволуваат да го контролира телефонот со движење на главата. Станува збор за една од клучните функции која овој телефон ја нуди и на која „Amazon“ прилично силно се потпира кога продажбата е во прашање, но воедно и најскапата.

Сепак, со оглед на продажната цена, „Amazon“ има солидна заработка и тоа покажува дека компанијата не е желна да губи пари на овој уред само за да привлече што поголем број на корисници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП