2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Audi R8 се очекува во 2015-та година

Новиот Audi R8 се очекува во 2015-та година

audi r8 32

Маскирани тест примероци на новиот „Audi R8“ изминативе месеци беа фотографирани за време на тестирањата на патеката Нирбургринг, а во меѓувреме се појавија некои нови детали и компјутерски цртежи за можниот изглед.

Втората генерација на „R8“ во продажба се очекува во текот на 2015-та година (па така официјалната премиера може да ја очекува и пред крајот на оваа година), а во понудата најверојатно ќе останат атмосферските 4.2-литарски „V8“ и 5.2-литарски „V10“ мотори и тоа со нешто поголема моќ. Меѓутоа, некои извори споменуваат и 4.0-литарски твин-турбо „V8“ со 460KS.

Верзијата со „V10“ мотор ќе биде на располагање и во „Plus“ варијанта и тоа со околу 600 „коња“.

Новиот „R8“ ќе биде за 59 kg полесен од сегашната генерација, ќе биде достапен со мануелен и „S tronic“ менувач со двојно квачило, а ќе има и 12,3-инчна дигитална инструмент табла и ласерски светла.

На крајот, во текот на 2017-та гдина, „Audi“ ќе понуди и електричен „R8 e-tron“, како и „R8 TDI“ (со 4.2-литарски „V8“ турбо-дизел или „V10 TDI“ мотор). Во понудата меѓутоа нема да биде „R8“ со хибриден погон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП