2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПуштена во употреба првата катна гаража во општина Центар

Пуштена во употреба првата катна гаража во општина Центар

katna-garaza-pustanje

Општина Центар денес ја пушти во употреба првата катна гаража која располага со околу 500 паркинг места и со која ќе се надмине проблемот со паркинг просторот во централното градско подрачје.

Катната гаража се наоѓа во непосредна близина на комплексот на судовите, до новиот објект на Кривичниот суд. Се протега на вкупна површина од 16.625 метри квадратни, од кои 15 проценти се деловно-административен дел. Од вкупниот број паркинг места, 24 се наменети за лицата со хендикеп. Објектот има пет нивоа над земја, приземје и сутерен, а фасадата е богата со стилски елементи кои се вклопуваат со изгледот на Кривичниот суд.

Вкупната инвестиција изнесува 5.635.000 евра. Проектант е градежната компанија „Мегарон“, а изведувач на градежните работи компанијата „Бетон“.

Паркингот ќе биде бесплатен до 1 април годинава, а во него има паркинг места за велосипеди, мотори, хибридни возила, како и места за лицата со инвалидност.

Премиерот Никола Груевски, кој присуствуваше на официјалното отворање, истакна дека од денеска е решен проблемот со паркирањето околу Македонската радио телевизија и судовите во центарот на Скопје.

– Со вчерашниот камен-темелник на последната од вкупно седум катни гаражи предвидени да се изградат во центарот на Скопје, можеме да констатираме дека е заокружена првата фаза од овој капитален инфраструктурен проект во Скопје. Сите се започнати со градба, а некои веќе се во напредна фаза, нагласи Груевски.

Со оваа катна гаража, како што посочи премиерот, ќе се решат бројните сообраќајни проблеми со непрописно паркираните автомобили и ќе се заштити зеленилото кое во изминатиот период се уништувало поради недостигот од паркинг места.

– Освен паркинг простор и решение за соообраќајните проблеми, катната гаража има и соодветен деловен простор што и дава поголема вредност и можност за подобро финансирање и самоодржливост во иднина. Со еден збор, оваа катна гаража е полн погодок како за институциите, така и за граѓаните, рече Груевски.

Градоначалникот на општина Центар Владимир Тодоровиќ, најави дека ќе продолжат со вакви инвестиции со цел што поскоро да се решат проблемите со паркинг просторот во општината.

Според него, инвестирањето во катни гаражи во сите централни општини, првенствено има за цел да одговори на потребите на граѓаните во тесните грла каде има проблем со паркинг просторот и појасни дека ваквите инвестиции се од општ и заеднички интерес за граѓаните.

Потсети дека неодамна е ставен камен темелник на уште една катна гаража кај Халк банка, која ќе обезбеди околу 200 паркинг места.

На денешното официјално пуштање во употреба, присуствуваа и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП