27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗа стогодишнината на BMW пристигнува i9

За стогодишнината на BMW пристигнува i9

bmw-i-SUV

Со малку потсетување, дека во 2016-та, „BMW“ ќе одбележи цел век од своето постоење, па поради тоа пристигнуваат и најави за модели со кои овој значаен јубилеј ќе биде одбележан.

Доколку веќе размислувате дека тоа е некоја „лута“ машина од „M“ дивизијата, мораме да ве разочараме.

На радост на љубителите на новите технологии, но и како сигнал дека „BMW“ гледа кон иднината, се подготвува супер моќен електричен спортски автомобил кој ќе ја добие ознаката „i9“.

Благодарејќи на новите материјали и напредните лесни батерии, новиот „i9“ ќе биде тежок само 1.600 килограми, а ќе го придвижува електромоторот од „i8“ oд 362 KS, што ќе биде доволно за забрзување до „стотка“ за помалку од 4 секунди.

Во„BMW“ се уште размислуваат дали овој модел ќе биде опремен со некоја верзија на автоматски менувач, со чија асистенција би постигнал автономија од 300 километри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП