26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСреќен вработен не е нужно лојален

Среќен вработен не е нужно лојален

jobs aval

Иако обично се смета дека задоволство е гаранција за лојалност, се чини дека вистината е малку поинаква, или така вели една студија во САД спроведена над 1.200 вработени, која покажаа дека потрагата по нова работа е поизразена од минатата година.

Така дури 83% од вработените (6% повеќе од минатата година) велат дека оваа година се подготвени за нов почеток. Тоа е лоша вест за работодавачите кои сакаат да ги задржат своите најдобри работници, но не и единствена. Имено, иако расте бројот на вработени кои имаат намера да ја променат работата, истовремено расте и нивното задоволство.

Во 2013-та година 63% од вработените изјавиле дека не се среќни поради своите работни позиции, додека оваа година незадоволството го изразило само 46% од нив. Па така, луѓето се среќни, но се повеќе бараат нова работа. За приказната да биде поапсурдна, 28% од луѓето кои бараат нова работа велат дека се многу задоволни од својата моментална работна позиција.

Што точно се случува?

Причината е, веројатно погодувате, парите – 16% од испитаниците велат дека бараат работна позиција со поголема плата. Сепак, немојте веднаш да помислите дека е во прашање неблагодарност на вработените или нивната алчност.

Во потрага за поголема плата се само 8% од испитаниците, додека од нив 29% велат дека не би барале нова работа доколку добијат зголемување. Половина од испитаниците кои се во потрага за нова работа минатата година платата им била намалена.

Сакате ли да ги задржите своите најдобри работници, а не сте во можност да им понудите поголема плата, обидете се барем да ги унапредите и да покажете дека го цените нивниот труд. Корисна информација е дека и само 5% од вработените го ценеле флексибилното работно време, додека само 10% од нив ги „задржала“ добрата работна атмосфера.

Истражувањето донесе уште едно изненадување: иако се мисли дека младите вработени често ги менуваат работите, се покажа дека промена на работата посакуваат вработените помеѓу 51 и 60 години, од нив дури 85%, додека меѓу вработените помеѓу 18 дo 25 години, работата планираат да ја променат 65% од нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП