26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНов најтенок смартфон во светот

Нов најтенок смартфон во светот

najtenok smartfon jak

Можеби сте помислиле дека „Elife S5.5“ на компанијата „Gionee“ беше апсурдно тенок смартфон. Сепак, се чини дека тие со својот најнов адут се надминале самите себеси.

Новиот модел со кодно име „GN9005“, најверојатно е тенок само пет милиметри, за пола милиметар потенок од својот претходник.

Смартфонот има „AMOLED“ екран со дијагонала од 4.8 инчи, процесор со четири јадра со такт од 1,2 GHz и скромна батерија со капацитет од 2050 mAh, 16 GB вградена меморија, еден GB RAM и задна камера со осум, како и предна со пет мегапиксели.

Како оваа и сличните титули поради хиперпродукцијата, овие денови не траат особено долго, податокот дека „GN9005“ е најтенкиот смартфон на светот, сепак треба да се земе во предвид само „на одредено време“.

Засега не е познато кога смартфонот „GN9005“ ќе се најде во продажба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП