27 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОвa се најчестите изговори на неработниците

Овa се најчестите изговори на неработниците

rabota luge9292

Ова е оној тип на вработен кој се проѕева во два часот попладне, се движи низ канцеларијата со минимална потрошувачка на енергија и прави било какви паузи кога и да има можност.

Доколку сте работодавач, запознајте се со најчестите изговори кои ќе ги слушнете од вработени на кои им недостасува мотивација. Во случај да мислите дека можеби токму вие привремено боледувате од заразна мрзливост, обидете се да забележите кога кај себе правите некои од овие изговори и отстранете ги од вашата бизнис рутина.

Оваа изјава главно ја следи уште еден познат изговор: „Премногу работам“. Тоа што на луѓето на кои им недостасува ефикасност не разбираат дека сите сме преморени. Со оглед дека современата технологија ни овозможува да работиме од дома, во чекор, па дури и додека јадеме, живееме во ера на прекувременото работење, кое всушност никогаш не престанува. Тоа што ефикасните луѓе го знаат е дека сакаат да одвојат време „за себе“, без „e-mail“, пораки и „твитови“, но само по успешно завршениот работен ден.

„Тоа не е моја работа“.

Многу е интересно дека главно неефикасните луѓе, оние кои во канцеларијата допринесуваат најмалку, најлесно забележуваат и истакнуваат дека работат работа која не е дел од нивните задолженија. Сетете се дека продуктивните луѓе не им е грижа што е, а што не е нивна работа, тие се фокусирани на тоа целата работа да се заврши.

„Ќе ја завршам подоцна“.

Тоа што на сите вработени, на кои им недостасува елан, ги дели недоследноста. Ќе започнат една работа, ќе продолжат на следна, па некое време ќе поминат работејќи на трета и на крајот на денот нема да завршат ниту една. Ако се сомневате дека можеби токму вие сте ваков тип, фокусирајте се на завршување на една по една работа и не започнувајте нови проекти додека не ги завршите старите.

„Се уште ги немам сите информации“.

Луѓето кои посветуваат премногу внимание на детали, некогаш поради тие намери губат поголем дел од времето чекајќи сите коцки да се склопат. Меѓутоа, во денешно време, кога повеќето проекти се многу динамични и склони на промени, залудно е да се чека совршен тајминг. Продуктивните луѓе завршуваат се што можат и со недостаток на коцкиците.

„Чекам шефот да ми каже што да работам“.

Особено во помалите компании, недостатокот на независност кај вработените може да биде фатално. Надлежните главно немаат време да се занимаваат со микроменаџментот, па во вакви случаи, каде вработените чекаат на внимание на супервизорите, го губат драгоценото време. Превземете иницијатива, идентификувајте ги проблемите и решете ги сами, нечекајте некој да ве држи за рака.

„Не гледам како јас имам корист од ова“.

Нарцизмот е уште еден од начините на кој неефективните луѓе го забавуваат напредокот на поединечни проекти, но и го намалуваат целиот прогрес на компанијата. Продуктивните луѓе се свесни дека напредокот на нивната компанија, значи напредок и за самите нив и уверени се дека нивната посветена работа ќе биде препознаена порано или подоцна.

„Загрижен сум за квалитетот на својата работа“.

Kога премногу сме фокусирани на совршенството забораваме дека секој напредок е значаен. Во заклучок, за да постигнат квалитет и ефикасност продуктивните луѓе не чекаат на вистински тајминг, тие делуваат сами не се жалат на премореност, тие се подготвени да ја завршат било која работа и првенствено се загрижени за напредокот на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП