27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПСЖ не се откажува од Ди Мариа, но несака да го плати!

ПСЖ не се откажува од Ди Мариа, но несака да го плати!

di maria psg

Францускиот шампион ПСЖ не се откажува од идејата да го привлече Анхел ди Марија. Иднината на крилото во Реал Мадрид е нејасна, а „светците“ не кријат дека Аргентинецот е меѓу нивните главни трансфер цели.

Весник „Le Parisien“ откри интересни детали од разговорот меѓу претседателот на ПСЖ Насер Ал-Хелаифи и неговиот колега од Реал, Флорентино Перез, кој се одржа на 4-ти јули. Според изданието од ПСЖ понудија да го земат Ди Марија на позајмица за една сезона, а следното лето да ги платат бараните 60 милиони евра.

На овој начин Французите сакаат да си обезбедат фантастично засилување без да ги нарушат барањата за финансискиот ферплеј. Така на „светците“ нема да им се наметнува да продаваат некоја од ѕвездите, кон кои има интерес од други тимови. Во оваа категорија спаѓаат Единсон Кавани, Марко Верати, Хавиер Пасторе и Маркињос.

„Le Parisien“ тврди уште дека е малку веројатно од Реал да се согласат на таков договор. Европскиот клупски шампион сака да добие пари за Ди Марија веднаш, за да ги користи за купување на Хамес Родригез од Монако.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП