26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНовиот состав на КХВ ги утврди приоритетите за пазарот на хартии од...

Новиот состав на КХВ ги утврди приоритетите за пазарот на хартии од вредност

komisija-za-hartii

Новиот состав на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ја одржа првата конститутивна седница. Нов претседател на Комисијата е Елизабета Чингаровска,  а членови се Милаим Ајдини, Михаил Петковски, Александар Стојков и Сејдија Фазлиоски.

Претседателот на КХВ Елизабета Чингаровска и комисионерот Милаим Ајдини се професионално ангажирани, а останатите тројца функцијата ќе ја извршуваат како надворешни комисионери, соопшти Комисијата за хартии од вредност.

На седницата, одржана вчера беа утврдени главните приоритети за работењето на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во текот на 2013 година.

– КХВ ќе продолжи активно да ја извршува својата функција на супервизорски и регулаторен орган на пазарот на хартии од вредност, како од аспект на унапредување на регулативата, така и од аспект на контрола на сите учесници во работењето со долгорочни хартии од вредност во земјава, ќе продолжи да ја промовира  транспарентноста како модел на работење и да го усовршува системот на комуникација со јавноста и со учесниците на пазарот на хартии од вредност, засилено ќе се посвети на едукација на издавачите на хартии од вредност и на потенцијалните инвеститори, што е во корелација со реализирање на краткорочните и на долгорочните цели на КХВ, стои во соопштението.

Од Комисијата сметаат дека преку едукацијата на пошироката јавност за правилно инвестирање на средствата се очекува да се придонесе за стабилност на финансискиот систем и да се помогне да се ублажат негативните последици од глобалните финансиски кризи врз македонскиот пазар на хартии од вредност.

– Едуцираните инвеститори со знаења од областа на пазарот на хартии од вредност може да придонесат за дополнителна ликвидност на пазарот, кој претставува еден од  начините за финансирање на акционерските друштва, се наведува во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП