Тинејџерот Војчех Шварц не бил задоволен од футролата на „iPhone“, па верувал дека тоа е одлична можност тој да се обиде да направи нешто што ќе му се допадне.
Петнаесет-годишното момче направи уникатна футрола, која освен што го заштитува „iPhone“, служи и како паричник. Оваа футрола е многу практична, и кога ќе сакате да телефонирате не е потребно телефонот да го извадите од футролата. На овој млад човек со претприемачки дух, потребни му беа пет месеци за да ја создаде оваа повеќенаменска футрола.
Охрабрен од својот изум, овој тинејџер има намера оваа футрола-паричник за „iPhone“ да започне сериски да ја произведува, но со оглед на тоа дека за оваа идеја му се потребни околу 10.000 долари, неизвесно е дали овој изум на момчето ќе стане уникатно уметничко дело.