27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПеп е најдобро платениот тренер

Пеп е најдобро платениот тренер

pepco1

Пеп Гвардиола, кој го предводи германскиот фудбалски клуб Баерн Минхен, е најдобро платениот тренер на планетата, објави американското списание „Форбс“. Стратегот добива по 24 милиони долари по сезона, сума со која си го обезбеди првото место пред Жозе Мурињо од англискиот Челзи и Марчело Липи од кинескиот Гуангжу Евргранд.

Гвардиола ја тера својата прва сезона на чело на „баварците“, откако постигна феноменални успеси предводејќи ја Барселона. Шпанецот ја освои титулата во Германија и во финалето на Купот, но под негово раководство Баерн беше совладан со вкупен резултат од 0:5 од Реал Мадрид  во Лигата на Шампионите.

Според „Форбс“, Гвардиола добива 13,5 милиони долари повеќе по сезона од тренерот на Шпанците Карло Анчелоти. Односно, Италијанецот не зема дури ни половина од парите, кои ги заработува Гвардиола. Меѓу првите десет во ова рангирање се најдоа и тренерите Фабио Капело, Арсен Венгер, Херардо Мартино, Јирген Клоп, Мануел Пелегрини и Хорхе Хезус.

Топ 10 најдобро платени тренери за една сезона: 1. Пеп Гвардиола – Баерн Минхен (Германија) – 24 милиони долари, 2. Жозе Мурињо – Челзи (Англија) – 17 милиони, 3. Марчело Липи – Гуангжу Евргранд (Кина) – 14 милиони, 4. Фабио Капело – репрезентација на Русија – 13 милиони, 5. Карло Анчелоти – Реал Мадрид (Шпанија) – 10,5 милиони, 6. Арсен Венгер – Арсенал (Англија) – 10 милиони, 7 . Херардо Мартино – Барселона (Шпанија) – 7.5 милиони, 8. Јирген Клоп – Борусија Дортмунд (Германија) – 6 милиони, 9. Мануел Пелегрини – Манчестер Сити (Англија) – 5.75 милиони, 10. Хорхе Хезус – Бенфика (Португалија) – 5.5 милиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП