26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБаварците го посакуваат Лапорта од Атлетик Билбао

Баварците го посакуваат Лапорта од Атлетик Билбао

aymeric-laporte

Германскиот шампион Баерн има интерес кон трасферната цел на Барселона, Ајмерик Лапорта од Атлетик Билбао. Според информациите од Германија, „баварците“ се подготвени да платат 36 милиони евра за 19-годишниот дефанзивец.

Лапорта има одлична сезона во Примера дивизион и настапи на 30 од 33-те натпревари за „баскијците“ во шампионатот. Тој може да игра подеднакво добро како бек и централен дефанзивец .

189-сантиметри високиот фудбалер е од баскијско потекло, но со француско државјанство. Тој е само втор Французин по Биксенте Лизаразу (поранешен играч на Баерн), кој го носел дресот на Атлетик Билбао.

Според германските медиуми Лапорта е веќе виден од претставници на „баварците“. Овој млади играч би можел да биде заменик на Даниел ван Бујтен, кој има договор со гигантот од Минхен до крајот на сезоната.

Пред две години Баерн купи друг играч од Атлетик Билбао. Тогаш „баварците“ платија 40 милиони евра за Хави Мартинес, кој веднаш се наметна во првиот тим. Во март стана јасно дека Ајмерик Лапорта е трансфер цел и на Барселона, но поради забраната на „каталонците“ да остваруваат трансфери во следните два преодни рока, тимот од Минхен ќе нема посериозна конкуренција во остварување на својата цел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП