26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСе намали профитот на Goldman Sachs

Се намали профитот на Goldman Sachs

goldman1

Американската банка „Goldman Sachs“ забележа пад на вкупниот профит, поради намалувањето на заработката во клучните сектори, но и успех во областа на финансиското советување.

Заработката во првото овогодишно тромесечје паднала за 10 проценти, на 2,03 од 2,26 милијарди долари во однос на истото тромесечје минатата година, наведува банката, а пренесува Франс прес.

Областите на инвестициското банкарство и управување со средствата забележале солидни резултати, со променливо пазарно расположение и намалена активност на клиентите во сите сектори, наведуваат од „Goldman Sachs“. Во областа на финансиското советување евидентиран е раст на приходите од 41 процент, благодарение, пред се, на активностите во Европа.

Заработката по акција од 4,02 долари ги надмина очекувањата на аналитичарите, кои прогнозираа профит од 3,44 долари по акција. Вкупните приходи на американската банка се намалени за 7,6 проценти, на 9,33 милијарди долари, во однос на 8,70 милијарди, колку што очекуваа аналитичарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП