26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИPono преку Kickstarter собра 6.2 милиони долари

Pono преку Kickstarter собра 6.2 милиони долари

pono 300

Легендарниот канадски музичар Нил Јанг успеа преку платформата за собирање средства „Kickstarter“ да обезбеди неверојатни 6.2 милиони долари за својот музички плеер „Pono“, кој е во состојба да репродуцира музички фајлови со висок квалитет.

Собраната сума е третата најголема во историјата на „Kickstarter“ и тоа пад паметниот часовник „Pebble“ (10.3 милиони долари) и конзолата за играње „Ouya“ (8.6 милиони долари).

„Во име на „Ponо“, сакам да ви се заблагодарам за тоа што на музиката сега и обезбедивте глас. Помогнавте да започнеме револуција во слушањето музика. Конечно квалитетот доаѓа во прв план и сега можеме да слушнеме и да ја почуствуваме музиката на начинот кој уметникот ја има замислено и како тој ја чувствува и слуша“, вели Јанг.

„Pono“ на хавајски значи „точен, праведен“ и претставува уред во форма на призма во која се сместени музички фајлови во врвен квалитет. „Pono“ ќе чини 399 долари кога во октомври ќе се најде во продажба, а ќе биде достапна и „PonoMusic“, онлајн музичка продавница.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП