26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСпецијален Mustang по повод 50 години постоење на моделот

Специјален Mustang по повод 50 години постоење на моделот

mustang 50

„Ford“ на купувачите ќе им понуди посебна, ограничена серија на „Mustang GT“ по повод одбележувањето на половина век од претставувањето на првата генерација на овој легендарен модел.

Специјалната верзија ќе ја има ознаката „50 Year Limited Edition“ и е базирана на најновиот „Ford Mustang GT“ кој беше претставен кон крајот на 2013-та година.

mustang 50 1

Симболично ќе бидат изработени само 1.964 примероци со оглед дека на тоа дека првиот „Mustang“ се појави на пазарот во 1964-та година, а купувачите ќе можат да одберат меѓу двете понудени бои, белата „Wimbledon White“ и сината „Kona Blue“.

Јубилејната верзија на „Mustang“ ќе има 5.0-литарски атмосферски V8 мотор со 426 ks (313 kW) и 528 Nm максимален вртежен момент.

mustang 50 2

Во понудата ќе бидат шестбрзински мануелен и автоматски менувач со идентичен број на степени за пренос.

Автомобилот е опремен со 19 инчни алуминиумски бандажи, „Pirelli P Zero“ гуми и сопирачки „Brembo“, додека внатрешноста е од црно-бела кожа.

„Ford Mustang GT 50 Year Limited Edition“ ќе има премиера на авто-саемот во Њујорк, а во продажба ќе се најде во текот на есента, кога ќе биде позната и неговата цена.

mustang 50 3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП