26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПрефинетата колекција на Montblanc – Meisterstuck (фото)

Префинетата колекција на Montblanc – Meisterstuck (фото)

monm1

Луксузниот бренд „Montblanc“ ќе лансира серија на колекционерски предмети, за да ја прослави 90-годишнината на својата позната марка на пенкала „Meisterstuck“…

Оваа колекција со ограничено издание ќе претстави уникатна селекција на сензуални предмети од кожа, совршено дизајнирани часовници, префинет накит и нова колекција „Meisterstuck“ инструменти за пишување.

Ова ограничено издание на предмети за пишување содржи интересно „149“ пенкало, „Classique“ и „LeGrand“ наливни пенкала, како и „Roller“ пенкало и хемиско пенкало. Оваа колекција ќе биде достапна само оваа година, поради прославата на годишнината, додека пак, секој инструмент за пишување ќе биде направен од драгоцена црна смола, со елементи од црвено злато и врв од „Au 750“ злато, со специјален „90 Year“ дизајн. Дизајнирана во Хамбург, оваа колекција содржи инструменти за пишување чија цена се движи од 390 до 1.535 долари.

Овој престижен бренд, исто така, ја лансира и „Meisterstuck Heritage“ колекцијата на часовници. Колекцијата се состои од четири модели, односно часовници чии бројчаници се со пречник од 39 до 41 мм. Современите механизми „Pulsograph“ рачно се изработени и фино прилагодени на принципите на традиционалното швајцарско часовничарство.

Исто така, во понудата на оваа колекција ќе се најдат и префинети манжетни, нараквици, привезоци за клучеви и други предмети, кои ќе бидат во согласност со „Meisterstuck“ инструментите за пишување, со акценти на платина и „Montblanc“ гравури.

monm2

monm3

monm4

monm5

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП