26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса ќе му понуди нов договор на Меси

Барса ќе му понуди нов договор на Меси

mesi g11

Раководството на Барселона има намера на својата најголема ѕвезда Лионел Меси, да му предложи нов договор кој ќе биде со важност до 2019 -та година.

Според информациите кои пристигнуваат од Шпанија, од клубот се надеваат дека преговорите по ова прашање да поминат релативно брзо и се да се заврши во следните 2 месеци.

Неименувани извори откриваат дека се очекува разговорите да започнат во скоро време, според гласините тие ќе бидат предводени лично од новиот претседател на „каталонците“ Хосеп Марија Бартомеу.

Потсетуваме дека наследникот на Сандро Росел на претседателската функција, претходно сподели дека четирикратниот освојувач на Златната топка може да игра на „Камп Ноу“, до кога тој ќе посака и додаде дека има намера да го направи Меси најплатениот играч во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП