26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБаерн засега не го купува Дракслер!?

Баерн засега не го купува Дракслер!?

draxler-schalke

Извршниот директор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге ја отфрли можноста клубот да упати понуда за ѕвездата на Шалке 04, Јулијан Дракслер.

Баварците често се критикувани поради тоа што имаат навика да ги земаат најголемите таленти на директните конкуренти во Бундеслигата, а последен таков случај беше минатото лето со трансферот на Марио Гетце од Борусија Дортмунд. Деновиве европскиот клупски шампион ќе оствари втор удар по „жолто-црните“, откако ќе потпишат со Роберт Левандовски.

Румениге сепак побрза да објави дека Баерн нема никакви апетити кон 20-годишниот Дракслер.

„Можам да ве уверам дека нема да го купиме Дракслер ова лето. Навистина незнам дали тој сака да заигра во Баерн“, рече 58-годишниот шеф.

„Никогаш не сме зборувале со неговите агенти. Според мое мислење општеството не ја разбира нашата трансферна политика. Ние не купуваме играчи од Дортмунд или Шалке едноставно за да им наштетиме. Ние донесуваме само фудбалери кои веднаш ќе го зголемат квалитетот на тимот. Пред се ние купувавме играчи, за да сме подобро подготвени за иднината, бидејќи некои од нашите стартери ја надминуваат границата од 30 години. Но во моментов не размислуваме за купување на Дракслер“, додаде Румениге.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП