27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТри гиганти во битка за Ван Перси

Три гиганти во битка за Ван Перси

rvp 1

Монако, Челзи и Јувентус се вклучија во борбата за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Робин ван Перси, пренесува „Tuttosport“. Холандскиот репрезентативец најверојатно ќе го напушти „Олд Трафорд“ на крајот на сезоната. Според првичните информации, Ван Перси размислувал за можноста да се врати во Арсенал.

Медиумите од „Островот“ информираа дека Холанѓанецот не е во многу добри односи со менаџерот Дејвид Мојс. Фудбалерот, исто така е многу разочаран од пензионирањето на Сер Алекс Фергусон, кој го доведе на „Олд Трафорд“.

„Tuttosport“ информира дека со поголеми шанси за потписот на 30-годишниот играч се Монако и Челзи. Од Јувентус исто така пројавуваат интерес, но клубот нема намера да плаќа повеќе од 5 милиони евра за годишната плата на Ван Перси. Во моментов напаѓачот заработува 7.8 милиони фунти по сезона.

Од Манчестер Јунајтед се подготвени да се разделат со Ван Перси за сума од 18 до 20 милиони евра.

Сегашниот договор на фудбалерот со „црвените ѓаволи“ истекува во 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП