27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГаспром на Европа без проблеми и испорачува гас преку Украина

Гаспром на Европа без проблеми и испорачува гас преку Украина

gazprom-ap

Испораката на руски гас во Европа преку територијата на Украина се реализира без никаков проблем, соопштија од компанијата „Гаспром“.

Според податоците на извори блиски до гасниот гигант, испораката во Европа е на исто ниво како и во минатата година во истиот период (11.1 милијарди кубни метри).

Во почетокот на минатата седмица, „Нафтогас-Украина“ префрли повеќе од половина од сумата на име на отплата на долгот кон „Гаспром“ за испорачаниот гас во 2013-та година.

„Гаспром“ во почетокот на февруари објави дека долгот на Украина за руски гас за јануари 2014-та година изнесува 658,4 милиони долари, а за 2013-та година 2.63 милијарди долари.

Според соопштението на владата на Украина, „Нафтогас“ префрлил 1.28 милијарди долари на име на отплата на долгот. Украинската компанија, истовремено бараше одлагање на рокот за отплата на преостанатиот дел до 15-ти април.

Украина во јануари го зголеми транзитот на гас преку својата територија за земјите од западна Европа за 380 милиони кубни метри (5,3 проценти) во споредба со јануари минатата година, на 7,4 милијарди кубни метри.

„Гаспром“ во текот на минатиот месец во Европа извезе 14,7 милијарди кубни метри гас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП