26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИвановиќ и натаму прва „мета“ на ПСЖ

Ивановиќ и натаму прва „мета“ на ПСЖ

Britain Soccer Premier League

Островските медиуми најавуваат нови обиди на „светците“ во наредниот преоден рок да го ангажираат капитенот на репрезентацијата на Србија и дефанзивецот на лондонски Челзи.

Имено, како што објави „Дејли Мејл“, тренерот на ПСЖ, Лоран Блан на богатите сопственици на клубот им го посочил Бранислав Ивановиќ како свој прв „пик“ во текот на летниот преоден рок.

Потсетуваме дека интересот на тимот од Париз датира уште од минатата година, но Жозе Мурињо ни тогаш несакаше да се откаже од услугите на овој фудбалер, а тоа оваа сезона и му се исплати.

Ивановиќ е речиси незаменлив во стартната постава, а по феноменалниот погодок во дербито против Сити, дополнително си ја „зациментира“ својата позиција во клубот.

Затоа се претпоставува дека желбата на „светците“ и наредното лето ќе остане неостварена, како од желбата на самиот Ивановиќ да ја промени средината, така и од најавата дека раководството на Челзи ќе му понуди нов договор.

Јасно е дека, без оглед на несомнената финансиска моќ на Парижаните, би било навистина чудо српскиот репрезентативец на крајот на сезоната да се пресели во „градот на светлината“.

Најверојатно Блан како следни трансфер мети, покрај Ивановиќ, ги навел и имињата на Забалета од Сити и Матје Дебиши од Њукасл, па останува да се види дали барем тие две негови желби ќе бидат реализирани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП