26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКолку плаќаат различни земји за олимписки медал?

Колку плаќаат различни земји за олимписки медал?

medali premii

Не сите натпреварувачи, кои се на Олимпијадата, имаат приходи како Линдзи Вон или Шон Вајт. Всушност, многу од нив едвај собираат пари за подготовки, а многумина мораат да работат обични професии за да се издржат.

Но, кога ќе освојат олимписка титула сепак се се менува. Покрај привлекувањето на потенцијални спонзори, тие ќе имаат и сигурна премија.

Видете какви премии се предвидени за своите медалисти во различни земји:

Естонија – За златен медал државата дава 138.500 долари, за сребро – 96.400 долари, а бронзениот е оценет на 60.000 долари.

Италија – За златен медал 189.800 долари.

Русија – Се очекува оваа земја да има многу медали. За златен медал домаќините плаќаат 113.200 долари, но сигурно ќе има и дополнителни регионални бонуси кои може да се придадат на таа сума.

Швајцарија – Дава 88.600 долари за златен медал.

САД – Износите се мали, само 25.000 долари, но треба да се има предвид дека Американците со освоениот златен медал потоа секогаш добиваат и многу добри спонзорски договори.

Латвија – Оваа земја плаќа 192.800 долари.

Малезија – Тие ветија за златниот медал солидно блокче злато од рудникот во Куала Лампур во вредност од 600.000 долари! За жал ниту еден спортист не се квалификуваше за Олимпијадата, а земјата нема златен медал од 1956-та година.

Велика Британија – Интересно е дека оваа земја не плаќа премија за златен медал. „Веруваме дека желбата да се претставува својата татковина е доволна мотивација за нашите спортисти“, велат од Британската Федерација. Најдобрите британски спортисти сепак имаат одлични услови за подготовка и плаќање, а ако станат шампиони им следуваат и солидни спонзорски договори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП