27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМојс и Мурињо се подготвуваат за битката за Кавани

Мојс и Мурињо се подготвуваат за битката за Кавани

kavaniiie

Англиските гиганти Манчестер Јунајтед и Челзи се подготвени да се соочат еден против друг во летна битка за потписот од 54 милиони фунти на Единсон Кавани.

Претставници на Уругваецот биле во Лондон за преговори, откако нивниот клиент размислува за напуштање на ПСЖ, поради тоа што тој таму не се чувствува добро.

26 -годишниот напаѓач се справува добро во Франција, но не се чувствува удобно, извршувајќи споредна улога околу Златан Ибрахимовиќ, кој е централен напаѓач.

Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Дејвид Мојс има желба да го доведе Кавани, но знае дека ќе се сретне со сериозна конкуренција за неговите услуги од страна на Жозе Мурињо и Челзи.

И двата клуба сакаат да ги зајакнат составите во напад во текот на летото, а Диего Коста од Алетико Мадрид и Марио Манџукиќ од Баерн Минхен се исто така предмет на интерес од нивна страна.

Од Јунајтед се поврзале со ПСЖ уште минатиот месец, но од францускиот гигант им рекле дека нема да го продадат Кавани во јануари.

Поради повреда на мускулот Кавани во моментов е надвор од терените за 3-4 недели, но останува еден од најважните трансфери на ПСЖ , кого минатото лето го привлекоа од италијанскиот Наполи за 54 милиони фунти.

Сега тие нема да го продадат за помалку од оваа сума, освен тоа тие да се надеваат тој да блесне за Уругвај на СП 2014 и со тоа да си ја покачи својата цена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП