26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузен бункер вреден 11,5 милиони долари (фото)

Луксузен бункер вреден 11,5 милиони долари (фото)

bunker

Овој дом во пустината, близу до градот Јелоу Џакет, Колорадо, можеби изгледа како палата на холивудска ѕвезда или богаташко семејство, но во реалноста станува збор за безбедносен бункер направен да ги заштити сопствениците при секакви пресврти, вклучувајќи и нуклеарна војна.

bunker1

Домот е со површина од 390 квадратни метри и може да се купи за 11,5 милиони долари или да се изнајми за 19.500 долари по човек.

bunker2

Тој е изграден според специјална технологија. Неговите ѕидови се направени од армиран бетон и се покриени со челик. Независно од заштитни средства кои се вметнати во куќата, нејзините дизајнери се погрижиле да ја направат пријатна за престој како секое луксузно живеалиште.

bunker3

Единственото видлив доказ дека станува збор за бункер, се металните отвори за вентилација кои се поставени на таванот. Тие се развиени за екстремни ситуации, како што се загадувањето на воздухот како резултат на хемиски напад или големо истекување на гас. Радиоврската и хелиодромот за брза евакуација исто така се вклопуваат во овој дом, заедно со домашното кино.

bunker4

Домот може да се пофали и со седемстепена пречистителна инсталација за вода и четири енергетски агрегати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП