26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЗабранети теми на работното место

Забранети теми на работното место

shhh3

Плата, озборување, статус на работа и интимни проблеми, се четири работи за кои никогаш не треба да се зборува на работа, доколку сакате да ја задржите професионалноста. Пријателство со некои колеги на работа е неизбежно, а тоа е добар начин за поврзување со работната средина. Сепак е важно да се постават граници. За да се задржи професионалноста на работа, треба да се избегнат разговори на неколку теми.

 

Плата

Во многу компании договорите забрануваат да се зборува за платите, но не се само платите забранета тема. Вие не треба да зборувате за своите долгови, кредити и слични финансиски потешкотии. Тоа се ваши лични проблеми, и треба да ги чувате за себе, дури и кога другите зборуваат за нив.

Озборување

Озборувањата се составен дел од секоја работна средина, но тоа не значи дека треба да учествувате и вие во нив. Не си дозволувајте да ве доживеат како некој кој сака озборувања повеќе од работа. Дури и кога е на тема на озборување колега, кој навистина не ви се допаѓа, задржете го достоинството, и јазикот. Озборувањата никогаш не носат добри работи.

Статусот на работа

Ако вашиот шеф ви понуди промоција или зголемување на платата, прославете! Среќните вести споделете ги со вашите најблиски, но никако и со колегите. Нив може да им кажете само единствено доколку ве прашаат. Почекајте, веста да биде официјална, и до тогаш не кажувајте ништо на работа. Доколку подоцна колеги наоѓаат замерки, тоа е веќе нивни проблем.

Интимни проблеми

Се разбира, до некаде најблиските колеги ќе знаат што се случува со вашиот приватен живот, но поставете граници во однос на она што ќе откривате. Дозволено е да се каже дека имате нова љубов и дека сте среќни, но не би било професионално да се кажуваат детали или аргументи. Вашата интимност нека остане токму тоа – интимност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП