26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКолку навистина чинеше трансферот на Нејмар?

Колку навистина чинеше трансферот на Нејмар?

NeymarBarca

Фудбалскиот клуб Барселона на шпанскиот судија Пабло Руж му ги достави сите докмуенти кои се поврзани со трансферот на Бразилецот Нејмар од Сантош во каталонскиот гигант, пренесе шпанскиот весник „AS“.

Членот на Барселона Џорди Касес на 18-ти декември поднесе тужба против претседателот на клубот Сандро Росел во која го обвинува за противзаконско присвојување на пари, па поради тоа судијата Руж им нареди на каталонците во рок од пет дена да му ги достават сите документи за трансферот на Нејмар.

Портпаролот на Барселона Тони Фреикса на судот му ги достави двата договори поврзани за трансферот на Бразилецот од 2011-та и 2013-та година, како и финансиските извештаи на клубот за 2011-та, 2012-та и 2013-та година.

Во тужбата се истакнува дека трансферот на Нејмар од Сантош во Барселона изнесува повеќе од 57 милиони евра, колку што раководството на клубот тврди дека платиле за него.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП