27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРазочарување за „ѓаволите“, Снајдер останува во Турција

Разочарување за „ѓаволите“, Снајдер останува во Турција

FBL-EUR-C1-REALMADRID-GALATASARAY

Холандскиот фудбалер ги негираше шпекулациите кои се појавија за овој преоден рок, а кои тврдеа дека тој ќе си замине од Турција.

Фудбалерот на Галатасарај, Весли Снајдер денеска демантираше дека во јануарскиот преоден рок ќе премине во редовите на Манчестер Јунајтед и дека е среќен во Турција.

Британските медиуми објавија дека тренерот на „ѓаволите“, Дејвид Мојс посакува во јануарскиот преоден рок да го доведе искусниот холандски фудбалер.

„Нема никакви понуди за мене. Постојат само гласини како во секој преоден рок. Со нетрпение го чекам крајот на преодниот рок за луѓето да престанат да зборуваат за мене. Многу сум среќен тука и немам причина да си заминам“, изјави Снајдер за турските медиуми.

Снајдер, кој со италијански Интер ја освои Лигата на шампионите, премина во Галатасарај во јануари 2013-та година, а договорот со турскиот клуб му истекува во 2016-та година.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП