27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуските олигарси „вредат“ 400 милијарди долари

Руските олигарси „вредат“ 400 милијарди долари

rusija1rus1

Бројот на работоспособни луѓе во Русија годишно се намалува за околу 700.000, додека платите на вработените растат и покрај се поголемиот дефицит на работна сила.

Богатството на 100-те најбогати Руси надминува 25 проценти од вредноста на БДП на Русија, се наведува во анализата на банката „Morgan Stanley“.

Во септември реалните плати на вработените се зголемени, пресметано според годишното ниво, околу осум проценти, а таквиот раст на платите ја поттикнува потрошувачката, а со тоа и увозот. Русија, инаку, е земја во која постојат огромни разлики во заработувачката.

Милионската „армија“ на странски работници во Русија праќа во матичните земји милијарди долари и таа сума сега опфаќа околу еден процент од вредноста на БДП на Русија и се зголемува за околу 20 проценти годишно.

Според податоците од државната статистика, Русија сега има приближно 143 милиони граѓани од кои околу 75 милиони се сметаат за работоспособни, а меѓу нив се повеќе од четири милиони луѓе невработени.

Невработеноста во Русија оваа година е благо зголемена, а нешто повеќе од пет проценти е зголемена работната сила, што е двојно помалку во однос на земјите од еврозоната.

Додека врвните менаџери годишно „инкасираат“ милиони долари, многу вработени, посебно во руралните делови на земјата, мораат да се задоволат со скромна плата од неколку стотици долари, а и висината на пензијата е исто така помала.

Групата од 100 најбогати Руси, кои ги нарекуваат олигарси, располагаат со огромни богатства кои, според најновите податоци на „Forbes“, поминуваат над 25 проценти од вредноста на БДП на Русија, што значи дека нивниот бизнис вреди повеќе од 400 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП