27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПопладневното кафе му штети на сонот

Попладневното кафе му штети на сонот

coffee

Истражувањето спроведено во САД покажува дека конзумацијата на кафе дури и шест часа пред да се оди на спиење, може негативно да влијае на квалитетот на сонот.

Резултатите што ги објави „Journal of Clinical Sleep Medicine“ се добиени од испитувањето на 12 здрави испитаници.

Влијанието на кафето врз сонот е следено со помош на таблети со 400 милиграми кофеин, т.е. еквивалент на 2-3 филџани кафе.

Истражувачите додаваат дека со користењето таблети плацебо се покажало дека испитаниците најчесто не се свесни за негативното влијание на попладневниот внес на кофеин врз квалитетот на сонот.

Според нив, овие наоди потврдуваат дека секое конзумирање на кафе по 17 часот може да резултира со лош сон.

Некои претходни експерименти покажуваат дека дејството на кофеинот врз организмот е можно да се измери дури и 12 часа по внесувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП