1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДо 31 декември поднесување барање за отпис на камати од социјални придонеси...

До 31 декември поднесување барање за отпис на камати од социјални придонеси

Filing taxes

Работодавачи, самовработени лица, индивидуални земјоделци, верско службени лица и државни инстититуции имаат можност да им бидат отпишани неплатените капати по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување кои настанале од јануари 2009 заклучно со декември 2012 година.

Барањето за отпис на камати на достасани обврски по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување подносителот треба да го достави најдоцна до 31 декември 2013 година во надлежната Регионална дирекција на Управата за јавни прихдои.

Подносител за отпис на камати може дада биде секој обврзник за пресметка и уплата на придонесите (работодавач, самовработено лице, индивидуален земјоделец, верско службено лице и државна институција), кој има неплатени камати по основ на достасани обврски за придонеси од задолжително социјално осигурување, кои настанале во периодот од јануари 2009 година заклучно со декември 2012 година, односно кои произлегуваат од месечни пресметки на бруто-плата (МПИН) за период најрано од јануари 2009 година, а најдоцна до декември 2012 година и се утврдени со конечна месечна пресметка на бруто-плата (МПИН) и не се платени на денот на поднесување на барањето.

Подносителот на барањето има право на отпишување на каматите за придонесите од задолжително социјално осигурување, доколку редовно ги исполнува достасаните тековни обврски, односно редовно се поднесени и исплатени МПИН пресметките за период од јануари 2013, заклучно со последната доспеана месечна пресметка и да е извршена уплата на придонесите од задолжително пензиско и инвалидско осигурување кои настанале заклучно со обврските по овој основ за декември 2008 година.

Ќе биде отпишана 100 проценти каматата ако исплатата на заостанатите обврски за кои е поднесено барањето се изврши во рок од шест месеци од денот на поднесувањето на барањето.  Седумдесет и пет проценти од каматата  ќе биде отпиашана ако исплатата на заостанатите обврски за кои е поднесено барањето ја изврши подносителот во рок од 12 месеци од денот на поднесувањето на барањето и 50 проценти камата ако исплатата на заостанатите обврски за кои е поднесено барањето се изврши во рок од 18 месеци од денот на поднесувањето на барањето.

Правото на отпишување на камати може да се оствари и за обврските за камата кои се во постапка на одложено плаќање или во постапка на присилна наплата.

Управата за јавни приходи носи решение со кое се утврдува правото на отпишување на камата.  По целосното плаќање на обврските за социјални придонеси за кои е утврдено ова право, се одредува процентот на камата што треба да се отпише, во зависност од тоа во кој рок по поднесување на барањето е извршено плаќање на обврските.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП