27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОЕЦД: Раст на американската и британската економија

ОЕЦД: Раст на американската и британската економија

oecdoecd123eee1

Американската и британската економија во третиот квартал  оствариле благо забрзување, додека економскиот раст во повеќето други земји забави, соопшти ОЕЦД.

Според најновиот извештај на оваа организација, 34 членки на ОЕЦД во третиот квартал оствариле раст од 0,5 проценти, што е еднакво на растот од претходните три месеци заклучно со јуни, пренесува агенцијата Франс прес.

Како што наведува ОЕЦД, продолжи бавното закрепнување на еврозоната и земјите од Европската унија, но во споредба со истиот период минатата година, растот во земјите на ОЕЦД забрза на 1,4 проценти од еден процент кој беше забележан во вториот квартал.

„Меѓу седумте водечки економии, Јапонија забележа најголема стапка на раст (2,6 проценти), а Италија најголемо забавување (-1,9 проценти)“, додава ОЕЦД.

Растот на економијата на САД забрза во третиот квартал за 0,7 проценти од 0,6 проценти од вториот квартал, а економијата на Британија на 0,8 од претходните 0,7 проценти.

Земјите на еврозоната забележаа раст од 0,1 проценти, а земјите од ЕУ од 0,2 проценти, што е пониско во однос на стапката на раст од 0,3 проценти од вториот квартал.

Според податоците на ОЕЦД, растот на Германија, исто така, значително забави, односно на 0,3 од 0,7 проценти од претходниот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП