26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБуџетот на Грција под лупа на Тројката

Буџетот на Грција под лупа на Тројката

Greece-Athens, the capital of Greece tourism destinations

Инспекторите на „Тројката“ – Меѓународниот монетарен фонд, ЕУ и Европската централна банка, се состаноа со министерот за финансии на Грција, Јанис Стурнарас.

Тројката ја проверува точноста на тврдењата на владата дека финансирањето на буџетскиот дефицит за наредната година би можело да биде покриено без дополнителни мерки за штедење.

Официјалните лица на Тројката ќе ја проверат владината прогноза дека кредитот за спас нема во потполност да ги покрие грчките потреби за финансирање за наредната година, па дефицитот во буџетот ќе изнесува 500 милиони евра, пренесува агенцијата АП.

Атина инсистира на тоа дека сумата ќе биде доволно мала така што ќе нема потреба од нови мерки за штедење или раст на даноците.

Инспекторите ќе го прегледаат нацрт-буџетот со министерот Стурнарас пред владата да го предаде на парламентот на крајот на оваа недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП