1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОTопџиите го враќаат Пато во Европа

Tопџиите го враќаат Пато во Европа

pato celo selo

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер продолжува да бара нов напаѓач. Во моментов „топчиите“ на располагање ги имаат Оливие Жиру и Никлас Бентнер во предната линија, но Данецот не е во комбинациите на тренерот. Па така при евентуална повреда на Жиру тимот ќе има проблеми во нападот.

Поради оваа причина Венгер е подготвен да се обиде да го привлече Александре Пато во зимскиот преоден рок. Во моментов Пато го носи дресот на Коринтијанс.

Во текот на летото интерес кон него имаше и од страна на Тотенхем, но тогаш Бразилецот одлучи дека не сака да се враќа во Европа. Сега се очекува Венгер да направи нов обид за да го примамат во јануари.

„Тотенхем се поврза со Коринтијанс да прашува за мој трансфер. Седнав на масата за преговори со мојот агент и одлучив дека сакам да останам“, призна Пато за време на летниот преоден рок.

Сега останува да се види дали Пато ќе ја промени својата одлука и повторно да се врати во Европа. Поранешниот играч на Милан се најде на мета на симпатизерите на Коринтијанс, откако во четвртфиналето од Купот на Бразил промаши пенал во пресметката со Гремио и на својот клуб не му обезбеди пласман во полуфиналето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП