27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипар да ја олабави контролата на капитал

Кипар да ја олабави контролата на капитал

kipar8

Кипарските власти треба да се фокусираат на обнова на проблематичниот банкарски сектор и да ја елиминираат контролата на капиталните текови, советува независната Комисија од експерти.

Четиричлената комисија изработи своја студија за иднината на кипарските банки.

Комисијата наведува дека владата во Никозија мора да ги исполни условите договорени во рамките на пакетот за помош за банките и не смее да ја охрабрува загриженоста дека контролите на капитал долго ќе траат, пренесува агенцијата АП.

„Потребен е јасен план на чекори за реструктуирање на Банката на Кипар и деловниот сектор, за да можат контролите на капитал да бидат укинати, а неизвесноста отстранета“, се наведува во советите на Комисијата.

Контролите на капитал се воведени во март, кога Кипар со партнерите од еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд го договори планот за спас, кој подразбираше големи загуби за штедачите на Банката на Кипар и сега затворената Лаики банка.

Комисијата наведува дека постојат разумни причини кипарскиот банкарски сектор да остане голем на долг рок, првенствено поради тоа што не постои друг извор на финансирање во земјата.

Потребно е, сепак, одборот на банките да бидет зајакнат за да се намали влијанието на менаџерите, но и во одборот да има барем два странски члена, наведува Комисијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП