27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗаконот за финансиска дисциплина во завршна фаза

Законот за финансиска дисциплина во завршна фаза

пари-480x270

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска информира оти е во завршна фаза законот за финансиска дисциплина, што неодамна во обраќање пред бизнис заедницата го најави премиерот Никола Груевски. – Законот е во завршна фаза и набрзо ќе биде пуштен во владина процедура.

Очекувам следната недела најверојатно да се заврши. Со тој закон ќе помогнеме да се заштитат доверителите и да се подобри ликвидноста во стопанството преку предвидување јасни и прецизни рокови за плаќање на обврските меѓу приватниот сектор, изјави денеска Ставрески.

Основниот рок за подмирување на обврските, појасни, ќе биде 60 дена, а доколку се согласат двата субјекти во приватниот сектор може да се продолжи максимум до 120 дена.

– Исти такви рокови се предвидени и за плаќање на обврските на државата кон приватниот сектор со цел и во тој сегмент, како што рече, она што веќе го реализираме – редовно плаќање на обврските од државата кон приватниот сектор, да продолжи и понатаму и да има заштита на приватниот сектор во односите со државните институции, рече Ставрески, одговарајќи на новинарски прашања по доделување сертификати за финансиски менаџмент на вработени во јавниот сектор.

Според вицепремиерот, станува збор за европски директиви што ќе треба да се применат во Макеоднија и што ќе помогнат да се подобри дисциплината во плаќањето затоа што има многу случаи кога и добростоечки компании не им плаќаат претежно на помалите фиорми.

– Вообичаено помалите и средните фирми се најмногу погодени од таа недисциплина, а со ова ќе воведеме системски ред во таа област, односно очекувам да се подобри ликвидноста и да им се помогне на сите фирми коишто работат согласно закон и коишто треба да си ги наплатат побарувањата, укажа Ставрски. Во случај да не се почитува рокот, ќе се плаќаат надоместоци во вид на казнена камата за секој ден доцнење, а ќе има и казни за одговроното лице во фирмата или државната институција, и за самата фирма, односно институција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП