2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle плати 55 милиони долари даноци на Островот

Google плати 55 милиони долари даноци на Островот

goo

Компанијата „Google“, која на два пати во последната година беше сериозно критикувана од Британската парламентарна комисија за даноци, плати 35 милиони фунти (55 милиони долари) даноци во Велика Британија за 2012-та година при продажба во износ од 4.9 милијарди долари во земјата.

Интернет гигантот платил 2.6 проценти данок на 8.1 милијарди долари профит надвор од САД во 2012-та година, бидејќи компанијата речиси целата добивка ја има насочено надвор од САД во фирма регистрирана на Бермудските Острови, каде што не се плаќа данок на добивка. Од „Google“ тврдат дека ги почитуваат сите даночни правила во секоја земја во која развиваат активност и дека компанијата не плаќа големи даноци во Велика Британија, бидејќи нејзиниот профит не се генерира од нејзините британските вработени.

„Google UK Ltd“ и други поделби на компанијата во Европа, плаќаат помалку даноци, бидејќи се водат како даватели на маркетинг услуги со седиште во Даблин. „Google Ireland Ltd“ е името кое се појавува на фактурите на повеќе претставништва на „Google“ надвор од САД.

Од компанијата предвидуваат малку профит во Ирска, бидејќи тамошното седиште речиси целата добивка од клиентите надвор од САД ја испраќа кон делот во Бермудските острови во форма на лиценцирање на такси за користење на интелектуалната сопственост на „Google“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП