26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТриглав осигурување оствари 534 милиони денари бруто полисирана премија

Триглав осигурување оствари 534 милиони денари бруто полисирана премија

triglav

Триглав Осигурување АД, Скопје во првата половина од годинава оствари бруто полисирана премија од 534 милиони денари.

Според последниот извештај објавен од Националното биро за осигурување на Република Македонија за остварените резултати во првата половина од 2013 година, Триглав Осигурување АД, Скопје е лидер на пазарот за неживотно осигурувањесо пазарен удел од 16,16 отсто.

Компанијата забележа пораст во склучени договори за осигурување од 5,64 проценти споредено со првата половина од 2012 година.

– Триглав Осигурување е компанија која континуирано работи на квалитетот на производите кои ги нуди на клиентите и услугата која тие ја добиваат. Фактот што 20,64% од вкупната исплата на штети во Р.Македонија, што е патем двојно повеќе од конкуренцијата, припаѓа токму на Триглав Осигурување, само дополнително говори за брзото и ефикасно решавање на штети, сигурноста која ја нудиме, како и финансиската стабилност на компанијата, изјави главниот извршен директор на Триглав Осигурување АД, Скопје Ѓорѓе Војновиќ.

На пазарот на осигурување во Македонија во делот на неживотни осигурувања во првата половина од годината се бележи пораст од 4,7 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП