26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКако недвижнините ги збогатија Германците?

Како недвижнините ги збогатија Германците?

Germanh

Бизнисот на германската компанија за продажба на недвижен имот „Engel & Vokers“ со седиште во Шпанија, минатата година се зголеми за 30 отсто.

Компанијата соопшти дека не само што продава голем број на недвижнини, туку истите ги продава и по повисоки цени, пренесува шпанскиот весник Експансион.

Германската компанија во Шпанија постои од 2000 година.

Во 2010 и 2011 година покрај кризата во секторот за недвижнини во земјата, компанијата успеала да забележи раст на продажбите од 20 отсто.

Просечната цена на продажба на недвижности на оваа компанија се движи околу 645.000 евра, во однос на 141.000 евра, колку што изнесува вредноста на продажбата во Шпанија според шпанското министерство за развој.

Како пример, една од последните активности на оваа компанија е продажбата на куќа на Мајорка за 8.1 милиони евра. Овој имот од 360 метри квадратни, со дворно место од 977 метри квадратни, се наоѓа на пристаништето Андрач (Мајорка), кој го посетуваат голем број на германски туристи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП