26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТери: Мурињо не обедини

Тери: Мурињо не обедини

murinjo1

Капитенот на Челзи Џон Тери изјави дека Жозе Мурињо потполно го обединил тимот и го подготвил за борабата за трофеи.

„Изгледаме подготвени, силни сме како екипа и тоа го добивме со враќањето на Мурињо во клубот. Сега според ситуацијата ние сме сами против сите, а така беше и минатиот пат кога Мурињо го водеше Челзи“, изјави Тери.

Токму Тери со доаѓањето на португалскиот стручњак полека го враќа статусот на првотимец кој го изгуби кај менаџерот Рафаел Бенитез во вториот дел од ланската сезона.

– Мурињо отсекогаш имал одличен однос со играчите тој успева да ги мотивира да се борат на теренот. Ние сме одушевени што тој се врати. Мурињо се врати дома, сите го познаваме, а тој знае како се освојува титула во Премиер лигата“, заклучи Тери.

Жозе Мурињо во летниот преоден рок од Реал Мадрид се врати во Челзи, клуб во кој работеше од 2004 до 2007 година и со кој освои два шампионски трофеја во Премиер лигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП