26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРазликата во платите меѓу мажите и жените во Чешка се поголема

Разликата во платите меѓу мажите и жените во Чешка се поголема

zee

Иако постојат професии во кои жените се повеќе платени од мажите, како на пример вработените во државната администрација и уметнста или стриптизетите, сепак се уште е голем бројот на занимања во Чешка, каде за иста работа машкиот пол е повеќе платен од женскиот.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, Чешкиот статистички завод (ЧСУ) ја следи разликата на платите кај жените и мажите уште од 2006 година.

Податоците од пред седум години, покажуваат дека просечниот личен доход кај мажите во просек изнесувал 665 евра, односно биле поплатени од нивните колешки и тоа за околу 130 евра.

За време на вториот квартал од 2013 година, сооред ЧСУ, платата на мажите пораснала на 913 евра, додека жените земале месечна плата во висина од 755 евра.

Процентуално, споредено со претходните периоди, се покажува дека додека во 2006-та жените биле вреднувани за 19,3 посто помалку од мажите, таа разлика оваа година е „само“ 17,9 проценти.

Најтешка ситуација за женскиот пол била во 2007 година кога жените земале речиси 20 проценти пониска плата од мажите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП